ВИДЕО КОНФЕРЕНЦИЈА ZOOM
Од 2017 год. нашето училиште користи конференциски сервис за видео и аудио комуникација со капацитет до 100 учесници. Овој сервис овозможува аудио и видео врска помеѓу предавачот и учесниците, прикажување на мониторот, далечинско работење на компјутерите во конференцијата, размена на податоци, чат како и далечинско работење и помош при учењето од страна на предавачот кон учесниците. Сервисот содржи исто така и фукнција на бела табла.
Како да се исталира и воспостави конференциски контакт со училиштето за германски јазик Делфин преку Zoom?
- Отворете на следната веб страна https://zoom.us/ и изберете: Join a metting.
- Во полето внесете Meeting ID: ************ и изберете Join.
- Автоматски на Вашиот компјутер ќе се спушти софтверот: Zoom_launcher.exe
- Кликнете на него и изберете Run.
- Софтверот ќе се инсталира и Вие веќе сте на конференциска врска со УГЈ Делфин.
Важно: Изберете Test Computer Mic & Speakers за да проверите, дали Вашите звучници и микрофон се функционални и работат. Кликнете на Test Speaker Test Mic. Откако ќе биде успешна проверката на Вашиот микрофон и звучници, исклучете го овој прозорец.
6. Изберете Join Audio Conference by Computer.
Упатството можете да го погледнете на следното видео: